Драконска казна: Манчестер сити доби забрана за настап во ЛШ!

УЕФА ја одреди казната за Манчестер сити околу нарушување на правилникот на Финансискиот фер плеј. Граѓаните имале неправилности во финансиските извештаи кои ги приложиле во периодот од 2012 до 2016 година, па така актулениот англиски првак во следните две сезони доби забрана за настап на континенталните натпреварувања.

Воедно, тимот кој го предводи Пеп Гвардиола ќе мора да плати 25 милиони фунти (30 милиони евра) парична глоба за непочитување на ФФП правилникот. Клубот од Манчестер може да поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во следниот период.

- Оглас -

Најнови вести