Драма до последна секунда: Барселона до победа со кош на 0,8 секунди до крај

Барселона ќе биде ривалот на Анадолу Ефес, во финалето на кошаркарската Евролига. Каталонскиот гигант во драматичен меч со 84:82 го победи Милано и се пласираше во мечот за европскиот трофеј.

Неверојатна беше завршницата, а на крајот херој е Кори Хигинс кој успеа да постигне кош на 0,8 секунди до крајот. Во претходниот напад, Милано при резултат 82:82, имаше шут за победа, но Италијанците промашија, а потоа ги стигна и казна.

Барселона беше подобра во првото полувреме од полуфиналето, па на полувреме водеа со 51:42. Сепак, Милано не се предаде и со одлична игра во треата четвртина направи пресврт. Тие 10 минути Милано ги доби со 29:16, па во последната четвртина влегоа со предност од 71:67.

Во решавачката четвртина, ниту еден од двата тима немаше предност поголема од четири разлика, а на крајот Барселона со винерот на Хигинс се избори за место во финалето против Анадолу Ефес.

- Оглас -

Најнови вести