Драма и меч за инфаркт со среќен крај за Денвер: Кога на Јокиќ не му оди, тука се соиграчите (Видео)

Во многу неизвесен меч, на кој мораше да се играат дополнителни пет минути, Денвер нагетс се радуваше на победа во дуелот против Оклахома сити тандерс со 113:104. Со овој триумф, Денвер поведе со 2:1 во победи во НБА плејофот.

Херојска е оваа победа на Денвер посебно ако се знае дека Оклахома водеше речиси во текот на целиот меч. Сепак, интересно е тоа дека Оклахома најголемата предност на мечот ја имаше на стартот кога водеше 17:8. Од тој момент, до крајот, гостите најчесто водеа, но тоа беше со едноцифрена предност, па Денвер во финишот успеа да се избори за продолжение.

Гордон погоди тројка за 102:102, а во последниот напад од регуларниот дел Никола Јокиќ го имаше шутот за победа, но промаши за тројка. Тоа беше 10-ти обид на Јокиќ за тројка и сите 10 ги промаши. Покрај тоа, Србинот имаше и осум загубени топки, но и покрај тоа, Денвер не само што се избори за продолжение, туку во дополнителните пет минути, домашната екипа доминираше.

Со серија од 7:0, Денвер стигна до 109:102, а Оклахома во решавачките пет минути постигна само два поени, па на крајот, заслужено се радуваа домашните навивачи во салата во Денвер.

Дури четворица играчи на Денвер постигнаа 20+ поени. Мари беше најпрецизен со 27 поени, а потоа следуваа Гордон со 22, Портер со 21 и Јокиќ со 20 поени. Вилијамс беше прв стрелец кај Оклахома со 33 поени, а Шеј Гилџес-Александер застана на 18 поени. Четвртиот меч повторно се игра во Денвер во недела навечер.

Во вториот меч кој се играше утрово, Кливленд на гости славеше против Индијана и тоа со 126:104. Со оваа победа Индијана намали на 1:2 во победи. клучна за победата на гостите беше втората четвртина која кливленд ја доби со 34:13 и потоа гостите до крајот ја сочуваа убедливата предност.

 

- Оглас -

Најнови вести