Драма и продолженија одлучуваа за последниот учесник на клупскиот Мундијал (Видео)

Светското клупско првенство кое на 14-ти месецов започнува во САД и официјално го доби својот последен, 32-ри учесник. Станува збор за екипата на Лос Анџелес, која победи во плеј-офот против мексиканскиот претставник Клуб Америка со 2-1, но дури после продолженија.

Екипата од Мексико дојде во водство во 64-тата минута од пенал, но Лос Анџелес израмни во 89-тата и се избори за продолженија.

Голот за победа што значеше и пласман на клупскиот Мундијал за Лос Анџелес беше постигнат во 115-тата минута.

Лос Анџелес ќе игра во група со Челзи, Фламенго и Есперанс Тунис. Тоа значи дека на Светското клупско првенство ќе играат и ѕвезди како Хуго Лорис и Оливие Жиру, кои настапуваат за членот на МЛС лигата.

- Оглас -

Најнови вести