Шок за гигантот во Истанбул – Галатасарај заглави во 98-мата минута, па на пенали од Купот го исфрли второлигаш (Видео)

Денизлиспор приреди првокласна сензација во Истанбул и го елиминира гигантот Галатасарај во Купот на Турција по подобро изведување на пенали.

Второлигашот, кој бие битка за опстанок, вечерва покажа одличен фудбал и му зададе многу маки на апсолутниот фаворит и на крајот го елиминира и го исфрли од битката за пехарот.

Чудото гостите го најавија уште во првото полувреме, кога водеа со 2:1, но потоа Галата набрзина направи пресврт и водеше со 3:2 сè до последните секунди.

Во 98-мата минута Нелсон несмасно реагираше по корнерот на Денизлиспор и си даде автогол во последната акција од регуларниот дел за 3:3.

Автоголот на Нелсон можете да го погледнете ОВДЕ.

Денизли имаше и играч повеќе, но голови немаше во продолженијата од 30 минути и се шутираа пенали.

Второлигашот не промаши ниту еднаш, а трагичар беше Чаглајан, кој беше единствен што утна за Галатасарај, па Денизлиспор со победа на пенали од 6:5 се пласира во осминафиналето.

Пенал серијата можете да ја погледнете ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести