Екипата на Фенербахче победи со 2:1 на гостувањето кај Умранијеспор во меч од 19-тото коло во турското првенство и со 41 бод веднаш е зад лидерот Галатасарај, кој досега освои 45 бода. Умранијеспор останува последен на табелата само со 14 бода.
Фенербахче беше голем фаворит за освојување на трите бода, но на теренот ситуацијата беше поинаква. Гостите се мачеа да го скршат отпорот на аутсајдерот, а македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски во игра влезе во 68-мата минута во тимот на Фенербахче. Пет минути подоцна, Батсуани даде гол за водство на Фенербахче, но домаќините брзо се вратија и израмнија во 78-мата минута.
Се играше 89-тата минута кога Глумац си постигна автогол за радост на Фенербахче, но тука не беше крајот на возбудувањата. Судијата покажа 10 минути продолжување, а Умранијеспор постигна гол за 2:2 во 90+8 минута. Сепак, но прегледување на ВАР-снимката, арбитерот констатира дека имало фаул, па погодокот беше поништен. Последниот судиски свиреж беше во 15-тата минута од судиското продолжение.