Фудбалската репрезентација на Нигерија е во центарот на скандал, откако денеска одби да тренира и најави дека нема ниту да патува во Маракеш за четвртфиналето на Африканскиот куп на нации (АКН) против Алжир доколку веднаш не им бидат исплатени бонусите за четирите победи кои ги имаа досега на АКН.
Супер орлите ќе бојкотираат додека не се реши финансискиот спор.
Нигериската фудбалска асоцијација наводно започнала преговори за што поскоро решавање на спорот, но засега нема информации за конкретен договор. Селекторот и капитенот се обидуваат да ги смират тензиите и да го вратат фокусот кон четвртфиналниот натпревар, бидејќи сите се свесни дека оваа драма би можела скапо да ја чини Нигерија.

