Драма на „Артемио Франки“: Пецела во 90+3 израмни за Фиорентина

Фиорентина и Сампдорија ги поделија бодовите при конечни 1-1 во драматичниот дуел од 20. коло на Серија А. „Виолетовите“ во самиот финиш на средбата се изборија за реми, иако домаќините цело второ полувреме играа со фудбалер помалку. Искусниот голгетер на Сампдорија Фабио Кваљарела, реализираше два од трите гола на гостите, па така го запиша 10-от меч во низа на кој постигнал барем еден гол во тековната сезона. Триесет и петгодишниот Италијанец е на чекор од израмнување на рекордот на Габриел Батистута, кој како фудбалер на Фиорентина постигнал гол на 11 средби во низа во 1994 година.

Фиорентина прва дојде до предност во 34-тата минута, откако Луис Муриел го постигна дебитантскиот гол за домашниот состав токму против тимот за кој настапуваше од 2015 до 2017 година, а Колумбиецот од почит им се извини на гостинските навивачи. Само пет минути подоцна, Фернандес заработи втор жолт картон и ги остави „виолетовите“ на цедило, а Сампдорија ја искористи таа предност и пред паузата израмни преку Рамирез.

Домаќините поведоа и во второто полувреме, а Муриел во 70-тата минута го постигна и вториот гол на средбата претрчувајќи половина терен. Но, Фиорентина не издржа, па во 81-та минута Уго направи глупост и играше со рака во казнената зона, а Кваљарела беше прецизен и казни за 2-2. Ветеранот не застана таму, пет минути подоцна одново се запиша во листата на стрелци, па Сампдорија беше на чекор од освојување на важни три бода.

Фудбалерите на Стефано Пиоли во последната минута од судиското надополнување избегнаа пораз преку дефанзивецот Пецела.

https://www.dailymotion.com/video/x70zbzn

 

https://www.dailymotion.com/video/x70zclj

 

https://www.dailymotion.com/video/x70zcxa

- Оглас -

Најнови вести