Разврската во А групата на младинското Европско првенство што се игра во Словенија и Унгарија беше драматична, а испаднаа Романците, иако се без пораз.
Вечерва одиграа без голови против Германија и во круг на три селекции со ист број на бодови се елиминирани поради најлоша гол-разлика.
Холандија ја торпедираше Унгарија со 6:1 и како првопласирана селекција патува во четвртфиналето. Им се приклучија и Германците, кои набилдаа подобра гол-разлика од Романија со претходниот триумф против Унгарците со 3:0.
Романија победи со 2:1 против еден од домаќините на ЕП што не беше доволно да продолжи да игра за титулата и испадна.
Во меѓусебните дуели Холанѓаните, Германците и Романците ремизираа меѓусебе, па одлучуваа победите и гол-разликата против Унгарија, селекција што заврши на последното место во А групата со три порази.
Вечерва од 21 часот ќе бидат познати уште два четвртфиналисти на ЕП за играчи до 21 година, по дуелите меѓу Шпанија и Чешка, односно Италија со Словенија.