Драма на „Олимпико“, Лацио го доби дербито и стана лидер во Лигата на Европа (Видео)

Победата на Лацио над Порто од 2-1 ги направи римските Орли единствен тим со 12 бода по четири кола во Лигата на Европа.

Лацијалите до победата во дербито дојдоа во 92-рата минута, кога Шпанецот Педро вешто избегна офсајд, погоди и го растажи гостинскиот тренер Сержо Консеисао, кој пред мечот доби овации од фановите и истрча да се поздрави на северната трибина зад голот, каде што се најверните навивачи на Лацио, за старите добри времиња кога овој Португалец го носеше дресот на Лацио. Головите од мечот може да ги видите ТУКА.

Зад Лацио на табелата со по 10 бода се: Ајакс, Галатасарај, Ајнтрахт, Андерлехт и Атлетик Билбао.

Манчестер јунајтед по трите ремија по ред, конечно дојде до прва победа, на „Олд Трафорд“ беше поразен ПАОК со 2-0.

- Оглас -

Најнови вести