Драма на „Ролан Гарос“: тенисерка водеше со 6-0, 5-0 и 40-30, па следуваше шок

Натпреварот кој денеска го одиграа Барбара Хас од Австрија и Дарија Снигур од Украина за малку можеше да влезе во историските книги на тенисот. Навидум обичниот меч од првото коло од квалификациите на гренслемот „Ролан Гарос“, се претвори во спектакл.

Хас ги доби првите 11 гејма на мечот и при 6-0, 5-0 и 40-30, имаше меч-топка. Но, кога ќе помислите дека е лесно или дека работата е завршена, во тенисот може да биде кобно. Украинката ја спаси меч-топката, и не само тоа, туку одеднаш заигра многу подобро и го доби гејмот, и следниот, и следниот, и следниот и така седум по ред, за неверојатен пресврт, таа го доби и вториот сет со 7-5.

Кога се чинеше дека Хас нема да може да закрепне од шокот, се случи нов „ролеркостер“, па таа сепак го доби третиот сет со 7-5 и извојува победа по која веројатно ќе може колку-толку мирно да спие вечерва. Ако загубеше, тоа ќе беше историски срам и којзнае какво влијание ќе имаше врз нејзината кариера.

- Оглас -

Најнови вести