16.8 C
Skopje
вторник, 21 октомври 2025

Драма на стадион: Жена го фати партнерот со љубовница, а потоа следуваше неверојатен пресврт (Видео)

Натпреварот од бразилската Серија А помеѓу Спорт Ресифе и Сеара донесе реми од 1-1 и неверојатна драма на трибините, на која би позавиделе и режисерите на сапуниците од Јужна Америка.

Имено, една жена по име Сандра, на трибината начека маж со ист таков дрес и друга жена седната до него. Целата вознемирена почна да му вика „Готово е“, го навредуваше, потоа му подели и неколку шлаканици, а се дереше и кон жената за која мисли дека му е љубовница викајќи: „Јас сум му вереница, нема да остане со тебе“.

Таман сите помислија дека тука е крајот на драмата, се случи мегапресврт. Сандра си замина, и тоа заедно со жената за која се сомневаше дека е швалерка на нејзиниот сега веќе поранешен партнер со кого била со врска шест години, пишуваат бразилските медиуми.

 

- Оглас -

Најнови вести