Еден од главните ривали на Новак Ѓоковиќ за освојување на златниот медал на тенискиот турнир во Токио, Данил Медведев, со многу мака се пласира во четвртфиналето на олимпискиот турнир. Медведев го победи Италијанецот Фабио Фоњини со 6:2, 3:6, 6:2 во меч на кој Русинот делуваше прилично изморен.
Медведев во еден момент побара и медицински тајмаут, а во вториот сет судијата забележа дека тенисерот чудно се движи и го запраша дали е сè во ред со него. Тогаш Медведев упати жестоки критики до организаторот поради терминот во кој мораше да игра.
„Можам да го довршам мечот, но кој ќе биде одговорен ако умрам на теренот?“, беше прашањето на Медведев упатено до судијата на столот.
По јапонско време, дуелот започна во 11 часот, а тогаш температурата беше над 30 степени. На крајот, Медведев успеа да победи и сега во четвртфиналето ќе игра против Пабло Карењо Буста од Шпанија.
a very metal moment in the Olympic tennis just now as Medvedev casually asks what happens if he dies on the court pic.twitter.com/kotZxePtEw
— Timothy Burke (@bubbaprog) July 28, 2021