Драма на женскиот маратон: Сифан Хасан со спринт до злато со нов олимписки рекорд (Видео)

Сифан Хасан од Холандија е победничка на женската маратонска трка, откако успеа да биде побрза од натпреварувачки од Кенија и Етопија и со нов олимписки рекорд да дојде до златниот медал.

Во самиот финиш израмнети беа Хасан и Тигст Асефа од Етиопија, па холандската атлетичарка со спринт во финишот дојде до резултат од 2:22.55, три секунди побрзо од сребрената етиопијка. И двата резултати беа побрзо од досегашниот олимписки рекорд кој изнесуваше 2:23.07 од Олимписките игри во Лондон.

Бронзениот медал го освои Хелен Обири од Кенија со време од 2:23.10, а победничката од претходната Олимпијада, Перес Џепчирчир заврши дури на 15-тата позиција.

- Оглас -

Најнови вести