7.8 C
Skopje
понеделник, 23 февруари 2026

Драма над драмите, Фенер плачеа од радост во 95-та, па од тага во 101-ва минута (Видео)

Фенербахче и Касимпаша одиграа 1-1 во неверојатен натпревар од турската фудбалска Суперлига.

На Фенер му требаше победа за да се изедначи по бројот на бодови со лидерот Галатасарај кој киксираше и загуби викендов. Фаворитот долго се мачеше, а конечно во петтата минута од судиското продолжение, Марко Асенсио даде спектакуларен гол за огромна радост.

Касимпаша од 93-та минута беше со човек помалку на терен, а судијата покажа осум минути продолжение, кои мораа да бидат повеќе поради голот, славјето и прегледувањето на снимка.

Во 101-ва минута, гостите дадоа гол, Гендузи „заспа“ и Едерсон беше совладан. Тотален шок имаше на лицата на играчите на Фенербахче и неговите навивачи, а радост за Касимпаша, но и за Галатасарај кој остана прв со два бода повеќе од лутиот ривал.

- Оглас -

Најнови вести