Мајорка и Атлетик Билбао одиграа 1:1 во меч на кој домаќините може да жалат што не ги освоија трите бода. Во првото полувреме немаше погодоци, а потоа, во 58 минута Ли погоди за 1:0 за Мајорка.
Домаќините кои се сигурни на средината од табелата, имаа предност се до последните моменти од средбата. Судијата покажа четири минути надополнување, а во последниот напад по една мешаница, беше досуден пенал за Атлетик Билбао.
Главниот судија Васкез досуди пенал откако еден од домашните фудбалери играше со рака. Сепак делуваше дека непосредно пред тоа играње со рака, топката прво удри во раката на еден од гостинските фудбалери. Сепак, судијата реши дека нема потреба да гледа ВАР снимка и досуди пенал, кој во погодок го реализираше Ињаки Вилијамс.
Голот за 1:1 и целата ситуација по која беше досуден пеналот за израмнување, може да ја видете го ТУКА.