Атланта израмни на 2:2 во победи во полуфиналната серија против Филаделфија во НБА-плејофот. Во драматичен меч, Јастребите триумфираа со 103:100, а гостите двапати во последните неколку секунди промашуваа, најпрво за победа, а потоа и за израмнување.
Бекот на домаќините, Тре Јанг, беше предводник во победата на Атланта. Јанг даде 25 поени, но имаше и 18 асистенции, со што го надмина рекордот на легендарниот Спат Веб за најмлад кошаркар кој завршил со 15+ поени и 15+ асистенции во еден плејоф-меч. Овој рекорд на Веб беше поставен пред повеќе од 30 години.
Trae Young (25 PTS, 18 AST) is the first @ATLHawks player with 15+ points and 15+ assists in a playoff game since Doc Rivers put up 16 PTS and 18 AST in May of 1988. @EliasSports pic.twitter.com/Pc3ebaRxpu
— NBA.com/Stats (@nbastats) June 15, 2021
Филаделфија може да жали што не победи затоа што гостите водеа речиси во текот на целиот меч, а во еден дел во втората четвртина имаа предност и од 17 разлика (57:40). Атланта не се предаде и во последната четвртина имаше драматична завршница. Домаќините имаа водство од 101:100, кога Ембил промаши чисто положување за водство на Филаделфија. Во следниот напад, Атланта погоди за 103:100, а последниот шут за израмнување на гостите беше непрецизен.
Нерешено 2:2 е и на дуелот Лос Анџелес клиперс – Јута џез откако тимот од ЛА победи со 118:104. Домаќините уште во првата четвртина направија голема предност и по 12 минути игра водеа со 30:13, а на полувреме беше 68:44 и уште тогаш беше јасно кој ќе се радува.