Актуелниот формула 1 шампион Макс Верстапен ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за големата награда на Азербејџан во Баку. Вистинска драма имаше затоа што наместо предвидениот еден час, квалификациите траеја точно два часа. Дождот и многуте излетувања од патеката беа причина за рекорден број на „црвени знамиња“.
Во последната минута од квалификациите Верстапен извозе феноменален круг и на крајот имаше речиси половина секунда предност во одно на второпласираниот Карлос Саинц.
MAX VERSTAPPEN TAKES POLE IN BAKU!!! 🤩#F1 #AzerbaijanGP pic.twitter.com/ZSI9KdVqg9
— Formula 1 (@F1) September 20, 2025
Од вториот ред на стартот ќе бидат Лиам Лоусон и Кими Антонели, а потоа следуваа Џорџ Расел, Јуки Цунода и Ландо Норис. Во финишот од квалификациите, лидерот во генералниот пласман, Оскар Пјастри ја загуби контролата на болидот и се удри во заштитната ограда, па ќе стартува од деветата позиција, додека десети е Шарл Леклер кој истотака немаше време во третиот круг од квалификациите.
The championship leader slams into the barriers 💥#F1 #AzerbaijanGP pic.twitter.com/9Qvx6K3TwG
— Formula 1 (@F1) September 20, 2025