Кошаркарите на Пелистер забележаа победа над МЗТ Скопје во дербито на второто коло од Првата лига. Битолчани во драматична завршница славеа со минимални 68-67, а кошаркарите на МЗТ Скопје може да жалат, бидејќи промашија шут за победа на четири секунди пред крајот.
Мечот почна израмнето, а актуелниот шампион на Македонија со минимални 19-21 замина на првата пауза. Во втората четвртина доминација на Пелистер за водство од 39-34 на полувремето.
МЗТ Скопје го доби третиот период и само еден негатива се влезе во последната четвртина, што беше најава за големи возбудувања во Битола. Двете екипи се менуваа во водство, а на крајот Пелистер се радуваше на победата.
Драма имаше и во Гостивар, каде домашните со кош во последната секунда на Николов загубија од ТФТ со 60-61, а ништо помалку неизвесно не беше ниту во Куманово, каде домашните до победата над Тиквеш од 93-89 дојдоа дури после продолжението.