Драма во Чачак: МЗТ остана во игра за опстанок, Црвена Звезда го победи Борац

Кошаркарите на Црвена Звезда одиграа според фер-плејот и очекувано го совладаа Борац во Чачак со 82-87. Сепак, победата и не беше така лесна, иако во еден момент се чинеше дека победникот е решен.

Првото полувреме помина во изедначена игра на двете страни, но Црвена Звезда во самиот финиш на втората четвртина дојде до позначајна предност од осум поени, што истовремено беше и највисока предност, но и конечни 34-42 на полувремето.

Во второто полувреме Црвена Звезда заигра “евролигашки“ и дојде до највисоки 17 поени разлика, односно 54-71. Од тој момент домашните ги презедоја “конците“ во свои раце и со фуриозна игра намалија на само три разлика на една минута до крајот. Борац имаше и напад за да намали на еден разлика или да израмни со евентуална тројка. Тоа не се случи и во пенал-завршницата Црвена Звезда подобро се снајде и забележа победа од 87-82.

Ова секако му одговара на нашиот претставник, МЗТ Скопје, кој со победата над Сплит во петокот од 77-74 останува во игра за опстанок во лигата и тоа само преку баражот. За да се случи тоа на МЗТ Скопје му треба победа во петок против Цибона на домашен терен, но Борац да загуби на гостувањето во Подгорица од Будуќност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести