Драма во финалето на ЕП 2020! Италија со гол во 91 минута стана шампион (Видео)

Европското фудбалско првенство кое требаше да се игра ова лето, поради пандемијата со Коронавирусот мораше да биде одложено за следната година. Сепак, тоа не беше пречка да се игра виртуелно континентално првенство, кое имаше и неверојатна завршница.

Италија се закити со шампионскиот трофеј, откако во финалето со гол во 91 минута стигна до победа од 2:1 против Србија. Интересно е што финалето се играше во три добиени мечеви. Италија првиот меч го доби со 4:2, а потоа Србија возврати со 5:1. Во третиот меч Аѕурите победија минимално со 1:0, а четвртиот двобој се покажа како решавачки за Италија да стигне до три победи.

Италија победи со 2:1, а Лоренцо Инсиње е впишан како стрелец на голот кој значеше шампионски трофеј на Аѕурите.

https://twitter.com/i/status/1264618997494013958

Во решавачкиот меч, Италија поведе со голот на Кваљарела, а потоа Србија израмни со погодокот на Јовиќ.

https://twitter.com/i/status/1264617315951349763

До 90 минута беше 1:1, а тогаш Инсиње погоди за голема радост и титула на Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести