Ренџерс и Селтик одиграа 1-1 во големото шкотско дерби, исход кој му одговара на лидерот Хартс кој сега има шест бода предност пред Ренџерс, а осум пред Селтик (Селтик има и еден меч помалку).
Селтик има седум лигашки порази сезонава, а во претходните две сезони заедно имаа вкупно седум.
Јусеф Шермити со неверојатен гол со ножички го отвори резултатот и најави дека ќе биде интересно ова вкупно 450-то Олд Фирм дерби во Глазгов.
Шермити има постигнато 9 голови во дресот на Ренџерс, а четири од нив се против Селтик. Повеќе од 35 години не беше видено некој поединец од Ренџерс да даде четири гола против Селтик во една сезона.
Бојан Миовски не беше меѓу стартерите, а и не доби шанса да заигра бидејќи резултатот долго беше во полза на неговиот тим и немаа потреба од бркање гол по секоја цена, туку прва цел во второто полувреме им беше да ја задржат предноста.
Ренџерс има серија од шест лигашки мечеви по ред без пораз од Селтик. Немаат пораз уште од април 2014 кога повеле 1-0.
Во 90-та минута беше досуден пенал за Селтик. Хатате не даде гол, но одбиената топка дојде пак кај него и од трети обид ја смести топката во мрежа за 2-2.

