0.8 C
Skopje
четврток, 22 јануари 2026

Драма во Хернинг со среќен крај за Норвешка

Селекцијата на Норвешка забележа победа од 35-34 над Шпанија во групата која се игра во Хернинг од втората фаза на Европското првенство.

Шпанците имаа напад за реми, но Тарафета иако имаше чиста позиција, се одлучи да фрли цепелин, а тоа беше погрешка одлука, која на крајот ги чинеше пораз.

Првото полувреме мина во наизменично водство на двете екипи, а најголемата предност беше два гола разлика, која ја имаа и двете селекции во своја корист.

Во вториот дел, Шпанците беа тие кои диктираа темно се до финишот од мечот, кога Норвешка успеа да се врати од минус три, па и да поведе. Последните неколку минути се играше гол за гол, па на крајот нерешениот исход е и најреален.

Ракометарот на Норвешка, Педерсен, беше убедливо најефикасен на теренот со 11 гола.

- Оглас -

Најнови вести