Фламенго го победи Круз Азул со 2-1 во четвртфиналето на Интерконтиненталниот куп и се пласираше во полуфиналето каде за противник ќе го има Пирамидс од Египет кој е африкански првак.
Бразилскиот гигант ги совлада Мексиканците со два гола на Уругваецот Џорџијан Де Арасаета. Првиот погодок беше како подарок после една катастрофална грешка на одбраната на Круз Азул, а при вториот топката не ја затресе мрежата, но ја мина гол-линијата, што го потврди главниот судија кој покажа на часовникот користејќи ја гол-технологијата.
Ако Фламенго ја оправда фаворитската улога против Пирамидите, ќе игра против европскиот првак ПСЖ во битката за ценетата титула. До пред појавата на новото клупско СП кое првпат се играше летоска, со децении наназад тој што го освојуваше Интерконтиненталниот куп се сметаше за светски клупски првак.
arrascaeta tem uma estrela da porra QUE HOMEM #FLAxCAZ
— 데니★ | ᴛᴇᴛʀᴀ ﹠ ᴇɴᴇᴀ (@denistarboy) December 10, 2025

