Драмата во Кардиф заврши со непосакуван исход за Украина и речиси целиот свет, откако Велс со минималните 1-0 славеше многу важна победа за пласман на Мундијалот во Катар.
По 64 години пауза Велс ќе игра на Светското првенство, а решавачкиот погодок го постигна најголемата ѕвезда на селекцијата, Герет Бејл. Искусниот офанзивец изведе силен слободен удар и имаше помош од Јармоленко кој го смени правецот на топката и ја затресе својата мрежа.
Во Кардиф беше драматично до самиот крај, Украинците пропуштија бројни шанси да израмнат, меѓутоа домаќините лавовски се бореа да го одбранат својот гол.
Велс со оваа победа се најде во групата Б, каде што се Англија, Иран и САД.