Драма во Лигата на Европа, Фенербахче на Мурињо се „протна“ меѓу 24-те, фаворитите поминаа

Комплетирано е осмото коло од лигашката фаза во Лигата на Европа, а најголем губитник е Брага, која иако го победи лидерот Лацио со 1-0, остана без место во разигрувањето.

На португалскиот тим му требаше уште еден гол за да влезе меѓу 24-те. Во 95-тата минута дадоа гол, но беше поништен поради офсајд и тоа значеше дека во плејоф за во осминафинале оди Фенербахче како 24-ти на табелата.

Од гостинските екипи, вечерва на 18 меча победија само три, и тоа Хофенхајм, Манчестер јунајтед и Порто.

Во осминафинале директно одат: Лацио, Атлетик Билбао, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Ајнтрахт, Лион, Олимпијакос и Ренџерс.

Во плејофот за осмифинале ќе разигруваат Бодо/Глимт, Андерлехт, ФЦСБ, Ајакс, Реал Сосиедад, Галатасарај, Рома, Викторија П’лзењ, Ференцварош, Порто, АЗ Алкмар, Митјиланд, Ројал унион Сен Жил, ПАОК, Твенте и Фенербахче.

- Оглас -

Најнови вести