Драма во Љубљана со кошмарен крај за Лудогорец (Видео)

Словенечкиот првак Олимпија од Љубљана го елиминираше бугарски Лудогорец од квалификациите за Лигата на шампионите, после голема драма.

Лудогорец поведе со гол на Десподов, Олимпија изедначи, а во 92-ра минута Словенците дадоа гол кој ги носи понатаму. Во 11-тата минута од судиското продолжение беше досуден пенал за гостите, но Десподов не погоди и Орлите од Разград се во аут.

Утката на Десподов може да ја видите ТУКА.

Во следното коло, Олимпија ќе игра со Галатасарај или Жалгирис. Панатинаикос одигра 2-2 со Днипро и тоа му беше доволно за пат во следното коло и дуел со Марсеј, а кипарски Арис го разби БАТЕ Борисов, давајќи му 11 гола на двата меча и во следната фаза ќе игра со Раков или Карабах.

Слован Братислава се протна против Зрински и си закажа мечеви со Шериф или Макаби Хаифа.

- Оглас -

Најнови вести