Драма во Премиерлигата: На цела управа и е забрането да дојде на стадион, а се игра клучен меч

Целиот управен одбор и раководството на Евертон, доби инструкции да не бидат присутни на „Гудисон парк“ денеска на дуелот против Саутхемптон. Клубот кој низ историјата има освоено девет титули во англиското првенство се соочува со голема криза и моментално е во зоната за испаѓање.

Навивачите веќе подолг период имаат протести и се незадоволни од начинот на кој челниците го водат клубот. Евертон денеска е под притисок да го победи Саутхемптон кој е последен на табелата со само 12 бодови, три помалку од Евертон.

Поради сопствена сигурност ниту еден член на управата на клубот нема да го гледа овој дуел од трибините.

„Претседателот Бил Кенврајт, извршната директорка Денис Барет-бахендејл, главниот финансиер и стратешки директор Грент Иглс и неизвршниот директор Грем Шарп, неволно ја прифатија проценката околу нивната сигурност. Наредба да не доаѓаат на стадион добија и членовите на управата и тоа е по зачестените злонамерно закани кои доаѓаат на адреса на клубот, во кои се спомнуваат и физичка агресија“, стои во соопштението на Евертон, во кое се потенцира дека „Ова е тажен ден за клубот“.

 

- Оглас -

Најнови вести