Дуелот од 17-тото коло во НФЛ-лигата меѓу Синсинати белгалс и Бафало билс е прекинат во првата четвртина откако играчот на гостите Демар Хамлин доживеа срцев удар по контакт со фаќачот на Синсинати, Тај Хигинс.
Хемлин по акцијата успеа да стане, но само по неколку моменти, падна на теренот. На младиот 24-годишен сејфти на Бафало повеќе од половина час му се вршеше реанимација на теренот, а потоа во тешка состојба беше префрлен во болница.
I hope Hamlin is ok. This did not look good. He just fell. #bills #bengals pic.twitter.com/Cyk7aoeYEs
— Sam Zee (@SamZComedy) January 3, 2023
„На Хамлин веднаш му беше укажана помош на теренот од лекарите на двата тима, како и од локални болничари. Тој потоа беше пренесен во локалната болница, каде што беше примен во критична состојба“, соопшти НФЛ-лигата.
The Bills and Bengals have both left the field and the game has temporarily been suspended. pic.twitter.com/pb4QZPgHtn
— ESPN (@espn) January 3, 2023
https://twitter.com/BuffaloBills/status/1610097661331341312?s=20&t=uqeNxYis0CPgyW4-sit5Uw
Играчите на двата тима со солзи во очите ги следеа случувањата на теренот, а гостинските навивачи ноќта ја поминаа пред болницата во Синсинати за да му дадат поддршка на Хамлин.
#BuffaloBills Safety, Damar Hamlin suffered cardiac arrest tonight on #MondayNightFootball after taking a hard hit into the chest, requiring CPR.
Here is sports medicine specialist, Dr. Aneesh Garg breaking down this scary injury & explaining what likely occurred.#nflnews pic.twitter.com/8jQHs0dFk6
— MEDspiration (@MEDspirationNFP) January 3, 2023
„Неговите витални знаци се вратија во нормала, по што лекарите го успаа за да можат да му стават цевка за дишење во грлото. Моментно се вршат тестови врз Хамлин и ќе ја известиме јавноста веднаш штом ги добиеме резултатите“, напиша на „Твитер“ Џордан Руни, претставник на младиот сејфти.
Пораки со поддршка за Хамлин напишаа речиси сите НФЛ-играчи на социјалните мрежи.
https://twitter.com/NFL/status/1610149851886682113?s=20&t=5Ube3L4UZQLymIfi3qH_QQ