Драма во Сараево: Во свечената ложа била пронајдена рачна бомба!

Вистинска драма се случувала во Сараево пред десеттина дена. Непосредно пред мечот помеѓу Сараево и Вележ во Купот на Бих, била пронајдена рачна бомба, и тоа во свечената ложа, односно во салонот. Босанската полиција пред поважните спортски натпревари врши рутинска контрола и скенирање на објектите, па ваквата пракса спречила и можна катастрофа, односно активирање на бомба која можела да доведе и до сериозни последици.

Веднаш бил информиран јавниот обвинител, но сè уште не е познато кој и зошто внел експлозивна направа на стадионот „Асим Ферхатовиќ – Хасе“, или познат како „Кошево“.

Мечот на 25 февруари заврши со минимална победа од 0-1 за екипата на мостарски Вележ.

- Оглас -

Најнови вести