Драма во Софија: Хулигани на ЦСКА втрчаа на терен и се закануваа на играчите (Видео)

ЦСКА Софија загуби со 0:2 од ЦСКА Софија 1948 во меч кој требаше да го даде патникот во Конференциксата лига на УЕФА за следната сезона. Иако многу потрофејниот и попознат тим на ЦСКА Софија беше голем фаворит, на крајот се радуваа играчите на ЦСКА 1948 Софија победувајќи со 2:0.

Дуелот го одбележа и инцидентот кога фановите на Црвената армија незадоволни од играта и резултатот, во еден момент втрчаа на теренот, почнаа да фрлаат со столчиња и да се закануваат на фудбалерите.

По овој меч стана јасно дека двата најтрофејни клубови (Левски и ЦСКА Софија) нема да играат во еврокуповите за следната сезона.

Инцидентот на локалното софиско дерби може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести