Драма за опстанок ќе има во Италија, Бадељ во последен миг ја врати Џенова во игра

Милан Бадељ е јунакот на Џенова и може да биде и клучниот играч ако најстариот клуб во Италија успее да се спаси од испаѓање.

Хрватскиот репрезентативец со гол во 89. минута и донесе победа на Џенова од 1:0 против големиот ривал Калјари во драматичната битка за опстанок.

За Џенова ова е само втора победа во 2022 година, но е многу значајна, бидејќи ја намали разликата на само три бода во однос на Калјари, тим кој е прв над зоната за испаѓање.

Загрозени на четири кола до крајот на шампионатот во Италија се пет екипи. Сампдорија има 30 бода од 34 натпревари, Калјари е со 28 бода, Салернитана има 25 од 33 меча, а ист број бодови има и Џенова но и одигра 34 натпревари.

Последна на табелата е Венеција со 22 бода од 33 меча, па битката за да се избегнат последните три места кои водат во Серија Б ќе биде жешка до крајот на шампионатот.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести