Будуќност повторно ја победи Црвена ѕвезда на домашен терен, овој пат со конечни 84:80 и дојде до израмнување од 2-2 во финалната серија на АБА лигата. Актуелниот јадрански првак не се откажува од трофејот, па во нов драматичен меч изнуди да се игра петти дуел, односно мајсторка која ќе се одигра во Белград, а Ѕвезда ќе биде домаќин.
Ѕвезда имаше контрола на резултатот во првото полувреме, а потоа Будуќност со серија од 12-2 ја стопи двоцифрената предност на гостите и за првпат дојде до предност на мечот. Последните 10 минути се играа кош за кош, а тоа беше вистински тест на нервозата кај кошаркарите од двете екипи.
Домаќините наидоа на голем проблем во последните четири минути, останаа без Битадѕе кој направи пет лични грешки и предвреме го заврши мечот. Со Хендикепот под обрачите, Будуќност се потпре на Норис Кол во завршните минути, кој ги одржуваше во живот шансите на својата екипа. Бекот на Црногорците погоди клучен шут од поле за 79-72, па така Будуќност во последните 45 секунди од мечот влезе со +5 поени предност, а потоа со цврста одбрана ја задржаа предноста и дојдоа до посакуваната победа.
Токму Кол беше најефикасен играч од редовите на Будуќност со 31 поени, шест скока и исто толку асистенции. Џексон додаде 23 поени, со 15 поени заврши Кларк. Кај поразените, Берон со 24 поени беше најрасположен кошаркар, по 14 поени додадоа Добриќ и Фаје.
Мајсторката ќе се игра во понеделник во 19 часот.