Екипата на Осусуна е прв финалист во Купот на Кралот откако дури по продолженијата успеа да го елиминира Атлетик Билбао. Натпреварот во Баскија во регуларните 90 минути заврши со резултат од 1-0 за Атлетик, исто како и првиот натпревар во Памплона, кога Осасуна победи со 1-0. Голот за водство на Атлетик беше дело на Ињаки Вилијамс во 33-тата минута.
Осасуна пласманот во големото финале го обезбеди во 116-тата минута преку Пабло Ибањес. Ова за Осасуна ќе биде само второ финале во својата историја, откако претходно го загуби дуелот против Бетис во финалето во 2005 година. Клубот од Памплона во својата историја нема освоено ниту еден позначаен трофеј, а шанса за прв трофеј во својата историја ќе има против еден од вечните шпански ривали, Реал Мадрид или Барселона, кои утре ќе го одиграат вториот полуфинален натпревар.
Голот за пласман во финалето на Осасуна можете да го погледнете ТУКА.