Баскет-драмата им припадна на Македонците – Савичевиќ со тројка ги „реши“ Романците (Фото)

Лука Савичевиќ имаше мирна и прецизна рака на четири секунди до крајот на продолжението против Романија и со тројка ѝ донесе победа на Македонија од 79:78 на ФИБА Челенџер турнирот што се игра во Шопрон.

Во регуларниот дел на мечот за кошаркари до 20 години имаше вистинска драма. Македонија имаше огромна предност од 19 поени, но ја прокоцка, па мечот заврши нерешено 67:67, по што следуваа дополнителни минути за да се реши победникот.

Савичевиќ погоди во самиот финиш и Македонија го доби продолжението со 12:11 и мечот со резултат 79:78.

Ова е втора победа за Македонија на турнирот, по триумфот во премиерата против Луксембург.

Натпреварите во Д групата ќе ги завршиме утре, со натпревар против Швајцарија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести