Драмата во Варна за Романија, Франција лесно преку домаќинот до четвртфинале на ЕП

Репрезентациите на Романија и Франција се првите четвртфиналисти на Европското одбојкарско првенство, откако вечерва ги совладаа Хрватска, односно Бугарија.

Французите беа далеку подобри од еден од домаќините на Европското првенство, Бугарија, и забележаа максимална победа од 3-0 (25:21, 25:21 и 25:15).

Вистинска драма имаше на вториот меч во Варна, на кој Романија со 3-2 (25:17, 25:20, 17:25, 26:28 и 15:12) ја совлада Хрватска. За романците ова е прв пласман помеѓу најдобрите осум во Европа после 1985-тата година и славните одбојкарски времиња на оваа земја.

Колку за потсетување, на пријателскиот натпревар во СЦ “Јане Сандански“, Македонија ја совлада Романија со 3-1 на почетокот од подготовките за учеството на тековното Европско првенство.

- Оглас -

Најнови вести