Драматичен грабеж: Донарума и неговата девојка биле врзани голи, крадците однеле половина милион евра!

Голманот на Пари Сен Жермен и на италијанската репрезентација, Џанлуиџи Донарума и неговата девојка Алесија, преживеале вистински кошмар во својот дом во Париз. Непознати лица влегле во домот, ги соблекле голи голманот и неговата девојка, а потоа ги врзале.

Крадците потоа „на раат“ провериле низ станот и успеале да украдат пари и предмети во вкупна вредност од 500.000 евра. откако крадците си заминале, Донарума успеал некако да се ослободи, а потоа со својата девојка стигнале до блискиот хотел, од каде и повикале полиција.

Италијанскиот голман и неговата партнерка биле хоспитализирани поради претрпениот шок, но немале посериозни физички повреди.

ПСЖ денеска го игра првиот контролен меч како подготовка за новата сезона, противник е Ле Авр, но неизвесно е дали Донарума ќе биде во тимот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести