Драматичен меч на „Мапеj“, Аталанта не победи, Интер е шампион на Италија

Луис Муриел промаши пенал за победа на Аталанта против Сасуоло во драматичен меч во Серија А што заврши нерешено 1:1 и му го донесе Скудетото на Интер.

На „Мапеј“ беше исклучително драматично со два регуларни гола, два поништени за двете екипи по еден и промашен пенал на Мјуриел за победа на гостите, па ремито совршено му одговара на Интер, кој е веќе нов првак на Италија.

Проблемите за Аталанта почнаа со исклучувањето на голманот Голини во 20. минута, но Госенс и со играч помалку погоди за гостите во 32. минута.

Потоа во финишот на првото полувреме му беше поништен погодок на Дуван Запата за 2:0, а казни Доменико Берарди со израмнувачки гол од пенал.

Во финишот беше исклучен и Марлон кај Сасуоло, но и тоа не и донесе победа на Аталанта, иако имаа и пенал за триумф, што го промаши Мјуриел во 76. минута.

Интер е недостижен на врвот со 82 бода, 13 повеќе од Аталанта, Наполи и Милан и 16 од Јувентус на четири кола до крајот на првенството.

Наполи одигра нершено 1:1 против Калјари, а и третиот меч што се играше од 15 часот меѓу Болоња и Фиорентина заврши без победник, 3:3.

 

 

- Оглас -

Најнови вести