Драматичен пораз за одбојкарите: Македонија имаше +4 за победа, но Белгија со пеколен финиш дојде до победата

Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби со 3-2 во сетови од селекцијата на Белгија на вториот меч од турнирот во Беверен. Нашите одбојкари беа блиску до победата, имаа водство од 11-7 во петтиот сет, но домашните одбојкари направија комплетен пресврт и го добија сетот со 17-15.

Тоа значи дека Македонија турнирот во Белгија го завршува со половичен ефект од една победа, над Азаербејџан со 3-0, и пораз од домаќинот Белгија, па со четири бода се враќа дома пред настапот на третиот турнир во Хрватска.

Домашните одбојкари двапати имаа водство од 1-0 и 2-1 во сетови, но Македонија успеваше да израмни, но не и да направи комплетен пресврт и да победи. Нашите одбојкари после четири кола во Европската златна лига се искачи на деветтата позиција од 12 репрезентации.

- Оглас -

Најнови вести