Бразилскиот интернационалец во редовите на Реал Мадрид, Винисиус, со ноќна објава на социјалните мрежи јавно ѝ се извини на својата девојка Вирџија, а дел од фановите со шеги го дочекаа написот.
„Сите минуваме низ моменти што нè тераат да размислиме и да пораснеме. Неодамна доживеав ситуација што ме натера да се преиспитам и да препознаам однесувања кои не го претставуваат човекот што сакам да бидам, ниту видот на односи што сакам да ги градaм. Вирџинија е неверојатна жена, восхитувачка мајка и личност кон која чувствувам огромна приврзаност и почит. Откако се запознавме, таа дојде во Мадрид трипати за да ме види, оставајќи ја својата секојдневна рутина, обврските и животот само за да биде со мене. Запознав восхитувачка мајка и неверојатна партнерка. Иако сè уште не бевме официјално двојка, имаше искрена поврзаност. Не се срамам да признаам дека бев невнимателен, дека не реагирав на најдобар можен начин и дека ја разочарав. Затоа, сакам јавно да ѝ се извинам, со отворено срце, бидејќи разбрав дека вистинска врска постои само кога има почит, доверба и транспарентност. Идејата сега е да почнеме сè одново. Без лаги, без кавги, без маски. Со многу љубов, нежност и почит“, напиша Винисус.
Под објавата веднаш започнаа шеги од неговите фанови. „Драма d’Or“, „Кому му е гајле. Дај ни голови, асистенции и трофеи“, „Сè повеќе личиш на Нејмар“, „Типот излегува со жена која има три деца, ќе го ограби еден ден“ и „Фокусирај се на фудбалот“, се само дел од коментарите кои ги оставија навивачите под неговата објава.