Драматични сцени со среќен крај: Тренерот се сруши на земја, лекарите неколку минути се бореа да го спасат и успеаја

Дуелот меѓу Бистрица и Нафта во втората словенечка фудбалска лига заврши со победа на домашниот тим од 1:0, но најголемата победа ја оствари тренерот на Бистрица, Горан Станковиќ.

Во еден момент Станковиќ се фати за градите сигнализирајќи дека има болки и падна на земја. Лекарите кои беа во близина, веднаш реагираа и по неколкуминутна борба, успеаја да го спасат животот на тренерот, кој подоцна бил префрлен во болница.

„Неговата состојба е стабилна. Примен е во болница во Марибор, каде што ќе остане неколку дена да му бидат извршени сите испитувања“, стои во соопштението од Бистрица.

- Оглас -

Најнови вести