Драматично беше како во Бундеслигата, шампионот беше решен во последното коло

Богољуб Ј. е шампионот за петтата сезона на Спортска прогноза која финишираше изминатиов викенд, а традиционално ја организира Sport Life. По 32 одиграни кола, Богољуб е најдобар со 225 погодени фиксови и за еден поен заврши пред Кирил П., кој е второпласиран со 224 поени.

Мртвата трка меѓу овие двајца прогнозери траеше во последните неколку кола, а на крајот Богољуб заврши како најдобар. Во последното коло, двајцата најдобри имаа погодено вкупно по девет точни фиксови.

Третопласиран на крајот е Зоран Т., кој заврши со 215 поени, а потоа следуваат Христијан Т. со 213 поени и Дејан Д. со 212 поени. Сите прогнозери кои завршија во Топ 5 на крајот ќе добијат вредни подароци од Sport Life.

Шампионот Богољуб ќе си добие ваучер од „Анхоч“ во вредност од 30.000 денари. Второпласираниот Кирил ќе добие 500.000 СЛ Маркет поени, што значи дека ќе има можност за вреден шопинг во СЛ Маркетот.

За третопласираниот Зоран следуваат 400.000 СЛ Маркет поени, Христијан, кој е четврти на крајот ќе добие 300.000 СЛ Маркет поени, додека петтопласираниот Дејан ќе добие 200.000 СЛ маркет поени.

Погледнете го Генералниот пласман и 10-те најдобри во сезоната која заврши вчера.

- Оглас -

Најнови вести