Исклучително драматично е на сите четири бараж-натпревари во Европа што се играат вечерва за настап на Мундијалот во Катар.
Македонија се држи добро против Италија и по 75 минути игра сè уште е 0:0 во Палермо, па ако остане така, ќе се играат продолженија на „Ренцо Барбера“, па потоа би следувале и пенали ако е нерешено и по 120 минути игра.
Истиот резултат е и на мечот меѓу Шведска и Чешка во Солна, а Португалија и Велс водат со по 2:1 против Турција, односно Австрија.
Таму домаќините водеа со по 2:0, но Турците и Австријците постигнаа гол и ја вратија неизвесноста кои селекции ќе го играат завршниот бараж-меч на 29 март за настап во Катар.