Драматично кошаркарско Ел Класико, Реал Мадрид во продолжението од пет минути ја урна Барселона

Дербито на 21-вото коло во Евролигата, кошаркарското Ел Класико му припадна на Реал Мадрид, кој со 91:86 ја совлада Барселона, и тоа по продолжението од пет минути.

Кралевите успеаја прво да се изборат за продолжение од пет минути, а потоа да го добијат тоа со убедливи 18:13 и да ја запишат 14-тата победа сезонава.

Каталонците цели 37 минути имаа водство, најголемо беше во првата четвртина и изнесуваше 11 поени, но во завршницата, кошаркарите на Реал Мадрид по тројката на Серхио Љуљ, за првпат поведоа со 69:67 и потоа успеаја да се изборат за продолжение.

Во регуларниот дел, Барселона го имаше последниот напад, но шутот на Миротиќ беше непрецизен.

Габриел Дек со 23 поени и седум скока, Серхио Љуљ со 19 и Џанан Муса со 18 поени ја предводеа листата на стрелци кај Реал Мадрид, додека во редовите на Барселона најдобар беше Никола Миротиќ со 17 постигнати поени.

- Оглас -

Најнови вести