Драматично македонско дерби во Белград – Тај-брејкот му донесе победа на Јотовски

Драматично македонско тениско дерби се одигра во Белград, а тај-брејкот во решавачкиот трет сет му донесе победа на Томислав Јотовски против Горазд Србљак.

Најинтересниот денешен дуел на Источноевропскиот шампионат во главниот град беше решен со пресврт на повозрасниот од двајцата наши репрезентативци.

Србљак почна посигурно и го доби првиот сет со 6:3 и најави победа, но се случи комплетен пресврт во корист на Јотовски. Поискусниот наш тенисер израмни со 6:4 во вториот сет и имаше повеќе концентрација и енергија во решавачкиот сет што го доби во тај-брејк со 7:1 во поени.

Од задутре во Белград ќе се игра и Мастерс турнирот на Источноевропскиот шампионат, што ќе послужи како загревање за новата тениска сезона. Ќе играат вкупно 12 тенисери и учесниците се поделени во две групи со по шест тенисери.

Србљак ќе игра во А групата, а Јотовски ќе настапи во Б групата на новиот турнир во главниот град на Србија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести