Драмонд и Грифин го урнаа шампионот, Кингс со забивање до победа (Видео)

Блејк Грифин со 26 поени и Андре Драмонд со 16 поени и 19 скока (осум офанзивни), беа творци на победата на Детрпит пистонс над Голден стејт вориорс. „Клиповите“ играат како да се добро подмачкани, и имаат серија од пет победи по ред.

Во победничкот тим, шестмина беа со двоцифрен број на поени, и придонесоа во нивната сала да падне актуелниот првак. На Голден стејт не му помогна ниту враќањето на Стеф Кари, кој поради повреда ги пропушти претходните 11 натпревари. Бекот даде 27 поени, од кои 20 во второто полувреме, Кевин Дурант заврши со 28, а Клеј Томпсон со 21 поен, но Вориорс немаше одговор за високите играчи на Детроит. Изненадувачки е што Детроит даде и 12 тројки, двојно повеќе од шутерска екипа како Голден стејт.

Во одлична форма е и Торонто, кој има осум победи по ред, три помалку од клупскиот рекорд. И без Кајл Лаури, го совладаа Кливленд. Вашингтон почна да се стабилиизра, после стартните 1-7, сега на последните 15 меча им а 8-7, па добро им дојде што им гостуваше Бруклин, тим со пет порази едноподруго, сега и шест. Лошо игра и Чикаго, кој доби само еден од последните 11 меча, а синоќа немаше шанса против Хјустон.

Сакраменто минимално ја победи Индијана, со забивање на Вили Каули Стајн на 16 секунди до крајот:

РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Голден стејт 111:102, Вашингтон – Бруклин 102:88, Кливленд – Торонто 95:106, Хјустон – Чикаго 121:105, Минесота – Бостон 109:118, Сакраменто – Индијана 111:110, Њујорк – Милвоки 136:134 (по продолжение).

- Оглас -

Најнови вести