Драстичен пад на формата – Калин Ивановски освои само два гема во тешкиот пораз во Тунис

Најталентираниот македонски тенисер, Калин Ивановски, е во криза и падна во формата, а потврда е новиот убедлив пораз на турнир во Тунис.

Денеска во првото коло на ИТФ-турнирот во Монастир, Иванивски беше поразен од кинескиот тенисер Фаџинг Сун со 1:6, 1:6.

Ова е еден од најтешките порази на 18-годишниот македонски тенисер, а беше поразен во првото коло и на првиот турнир во Монастир.

Тогаш играше со првиот носител Скандер Мансури и загуби со 3:6, 4:6, а Тунижанецот потоа и го освои турнирот.

Ивановски е и најдоброрангиран македонски тенисер на АТП-листата и моментно е на 733-тото место.

 

- Оглас -

Најнови вести