МЗТ Скопје Аеродром походот кон одбрана на титулата ќе го има без првиот тренер Драган Николиќ. Српскиот стратег доби суспензија од 10 меча, а ќе треба да плати и парична казна од 48.000 денари поради испадот што го имаше на дуелот против Кожуф, во првиот четвртфинален дуел од плејофот.
Во средината од втората четвртина, во моментите кога Кожув водеше со 28:32, Николиќ незадоволен од судиски одлуки, влета на теренот и се заби во играчот на гостите, Гордон.
По оваа одлука на дисциплинската комисија на КФСМ, јасно е дека тимот на МЗТ до крајот на сезоната ќе го предводи досегашниот помошник на Николиќ, младиот стратег Васко Атанасов, додека српскиот стратег може да ги пакува куферите и да си замине од македонскиот првак.
View this post on Instagram