УЕФА испорача сметка за упадот на хулиганите на „Вембли“ – Англија ќе плати 100 илјади евра со два меча без публика и има условна казна од две години

УЕФА испорача казна за Англичаните, кои лошо го организираа финалето на Европското првенство, и за упадот на хулиганите на „Вембли“ за мечот со Италија ќе мора да платат 100 илјади евра и да играат два меча на домашен терен без публика.

Имаше и други инциденти, но главен проблем беше тепачката на хулиганите, кои влегоа без билети на финалето на Европското првенство против Италија.

УЕФА ги предупреди Англичаните дека секој нареден престап или инцидент ќе ги чини скапо и им следува двегодишна суспензија без натпревари на домашен терен.

Италија успеа да ја победи Англија со 2:1 во финалето на ЕП и да ја освои европската круна во меч што имаше срамна предигра. Голем дел од навивачите на домаќините го пробија кордонот од обезбедувањето, се тепаа и успеаја да влезат на „Вембли“, каде што се играше мечот за европската круна.

 

- Оглас -

Најнови вести