Драстично падна бројот на оние кои се бунат за доаѓање на Ѓоковиќ во Австралија

Новак Ѓоковиќ во јануари оваа година не доби дозвола за настап на Австралија опен поради тоа што Србинот не е вакциниран против Коронавирусот. Жителите во Австралија тогаш организираа и протести во кои бараа Ѓоковиќ по ниедна цена да не добие дозвола за влез во земјата.

Судот во Австралија два пати се состануваше. Првиот пат даде дозвола за влез на Ѓоковиќ, а потоа се случи пресврт и Судот одлучи Србинот сепак да не игра во Мелбурн. Тогаш беше спроведена анкета во која дури 71 отсто од испитаниците беа за Ѓоковиќ да не добие дозвола за влез во земјата и да не игра во Мелбурн. Само 14 отсто сакале Ноле да добие дозвола за влез, а на 15 отсто им било сеедно кој ќе биде одлуката.

Ако овие резултати од јануари 2022 година се споредат со резултатите од новата анкета спроведена во декември 2022 година ќе се види драстична разлика. Сега само 41 отсто од испитаниците се противат за настап на Новак во Мелбурн, додека дури 30 отсто сега велат дека Србинот треба да добие дозвола за настап. На дури 29 отсто им е сеедно каква ќе биде одлуката.

- Оглас -

Најнови вести